1 коментар 2 мин. читање 22 април, 2014

Вистина е, Google работи на лифт до Вселената

Google потврди дека лифтот до Вселената, кој е еден од проектите на нивната тајна лабораторија Google X Lab, е вистински проект. Компанијата за Fast Company рече дека лифтот до Вселената е сè уште само идејна замисла и дека ќе треба уште долго време за реализација, но барем засега Google не се откажал од проектот.

Гигантот во својата „moonshot“ програма веќе се обидува де креира прототип на лифтот, а парите не се единствена пречка во реализацијата на Space Elevator. Најголем предзвик за реализација е цврст кабел кој ќе може да ги издржи напрегањата, а треба да биде најмалку сто пати поиздржлив од најцврстиот челик. Сепак иако проектот е засега во мирување, Google е подготвен да ја реализира својата идеја штом се појави вистинскиот материјал. Придобивката од ова би била навистина огромна, елеваторот ќе може да пренесува патници до било кое место во светот без притоа да се троши енергија.

Еден материјал кој би можел да одговори на овој предизвик се јаглеродните наноцевки, но за жал досега никој не креирал совршена наноцевка која ќе биде подолга од еден метар. „Работита на весленските елеватори е замрзната, а тимот се одлучи дека ќе почека до следната генерација на техологијата за производство на наноцевки“, вели Мич Хајнрих од Google X Lab. Нема да биде никаково изненадување ако Project Space Elevator биде најава за некаков почеток на првите населби кои ќе орбитираат околу земјата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Трајко Петко
Трајко Петко
12 years ago

хмммм, па нека пробаат со ГРАФЕН…

Мени
Заедница
Изглед
To top