0 коментари 2 мин. читање 22 април, 2014

Јужнокорејски научници најдоа начин за безжично полнење на далечина од пет метри

Безжичниот пренос на енергија веќе го има кај паметните телефони, но дури и тука станува збор за мали моќности и растојанија. Корисниците кои имаат поскап паметен телефон кој поддржува бежично полење знаат дека дури и во овој случај телефонот се полни на растојание од неколку сантиметри.

Тим научници, предводен од Чун Рим, професор за нуклеарен и квантен инженеринг разви на Јужнокорејскиот институт за наука, најдоа начин за индуктивни бежично полнење кое може да напојува уреди на растојание до 5 метри. Експериментите покажуваат дека начинот на бежично напојување кој го развива тимот на г. Чун обезбедува 1.403 W на 3 метри, 471 W на 4 метри и 209 W на пет метри. Загубите во системот се забележителни, па при обидот со пренос на 100 W, забележан е коефициент на полезно дејство од 36.9, 18.7 и 9.2 на 3, 4 и 5 метри.

„Нашата технологија ја докажа можноста за бежичен пренос на енергија на новиот систем на растојанија кои досега беа незамисливи. Иако преносот на големи растојанија е во почетна фаза на комерцијализација и неговата имплементација е навистина скапа, веруваме дека ова е начинот со кој во иднина ќе се напојуваат електричните уреди. Како денешните Wi-Fi зони во иднина ќе постојат Wi-Power зони во локации како ресторани или на улица кои ќе обезбедат електрична енергија на сите уреди. Ќе ги користиме сите уреди насекаде без куп живи кои се приклучени на нив, без грижа околу полнењето на нивните батерии.“, велат од развојниот тим.

[youtube]R6UCwqjdpo0[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top