Популарната игра со карти Hearthstone на Blizzard веќе може да се игра и на iPad. Фановите на играта кои имаат можност да ја пробаат играта на iPad, веќе го пофалија интелегентниот дизајн и интуитивните контроли кои функционираат навистина одлично на екранот на допир.
Hearthstone е стратешка игра со карти во која Blizzard вклопи добар дел од World of Warcraft универзумот во којиграчит можат да ги „управуваат“ армиите на Rexxar, Malfurion Stormrage, Uther the Lightbringer, Thrall или Gul’dan. Картите од кои играчите го составуваат својот шпил, исто така се од овој универзум, па има куп чудовишта од мурлоци до панди/ Тоа што е најважно е сепак дека играта е неверојатно забавна и заразна. Делот кој може нема да им се допадне на играчите е што играта треба да се игра онлајн и покрај тоа што постои опција да играте против компјутерот.
Кога е во прашање Android, издавањето на играта ќе доцни поради фрагментацијата на оперативниот систем. Сепак Android верзијата на играта е веќе во изработка, но поради различните верзии на оперативниот систем и различните резолуции на Android таблет компјутерите, па и куп различен хардвер кој е инсталиран во овие таблети, ќе биде потребен подолг период за оптимизација на играта.
[youtube]FgwS3S0Knzk[/youtube]







