0 коментари 2 мин. читање 6 август, 2015

Виртуелната реалност ќе се продава и ќе вреди милијарди, предвидува Business Insider

Следната година ќе започне продажбата на повеќето уредите за вирутелна реалност кои најавуваат револуција во видео игрите, но и во други комерцијални и забавни индустрии. Додека гејмерите со нетрпение го очекуваат Oculus Rift, бизнис сектор и инвеститорите прогнозираат дека овој пазар ќе расте во следните 5 години.

Во својата анализата, Business Insider Intelligence, предвидува дека уредите за виртуелна реалност ќе направат бум кој во 2020-та година ќе вреди 2,8 милијарди долари. За оваа година се проценуваат „скромни“ 37 милиони долари заработувачка од продажбата.

Што се однесува до цената, анализата вели дека уредите за виртуелна реалност ќе бидат конкурентни и ќе бидат во ист ранг со паметните часовници. Растот на продажбата барем во почетокот се предвидува да биде благодарение на гејмирите, што ќе биде првичниот пазар, но понатаму за виртуелната реалност ќе бидат заинтересирани сите од гледачите на VR-филмови, па се до корисниците кои сакаат подобро искуство со онлајн шопинг.

Тоа што барем за сега е непознато е кој од веќе најавените уреди ќе ја освои битката за доминација на пазарот. Oculus VR има мала предност, но Project Morpheus има предност поради интеграцијата со најпопуларната конзола PlayStation. Не треба да се исклучи од трката ни HTC Vive кој е во партнерство со најголемата продавница за видеоигри, Steam.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top