0 коментари 2 мин. читање 2 јуни, 2015

Виртуелната приватна мрежа Holа може да биде ботнет мрежа?

Поради безбедносни пропусти, 47 милиони корисници на Hola можат да станат дел од ботнет мрежа која може да се злоупотреби. Предупредувањето доаѓа од група истражувачи кои се нарекуваат Adios, а тврдат дека корисниците се под потенцијална опасност поради 6 клучни безбедносни пропусти и треба што е можно поскоро да го отстранат Hola од својот компјутер.

Hola е бесплатен VPN сервис, но во замена за услугата корисниците и ја „позајмуваат“ на Hola својата конекција. Ова не е изненадување со оглед на тоа дека Hola е peer-to-peer, а на сервисот му овозможува да креира излези во држави или локации во кои не се физички присутни. Проблемот е што за разлика од Tor каде корисниците можат да одберат дали сакаат да бидат излезни нодови, со тоа свесно преземајќи го ризикот, корисниците на Hola не се пријавуваат да бидат „exit node“.

„Доколку користите Hola и неокој друг користи Hola да презема детска порнографија, има можност тоа да го прават преку вашата интернет врска. Ова може да ви донесе полиција на врата“, вели Ars Technica.

Втор проблем е продажбата на пристап до мрежата преку преку огранок на Hola – Luminati. Компанијата продава пристап до интернет преку речиси неограничен број на IP-адреси, а компјутерите во мрежата би можеле да се користат за DDoS напади. Офер Виленски, извршен директор на Hola. признава дека компанијата направила некои грешки, но вели дека не се големи шансите 47-те милиони корисници да бидат користени како дел од бот-мрежа. Компанијата тврди дека затвориле дел од пропустите, како можноста за активирање на код преку мрежата, но од Adios не се согласуваат и велат дека сите пропусти сè присутни.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top