Се што ви е потребно е веб камера, да го испринтате книжениот часовник од .pdf фајлот и да симнете софтверот. Апликацијата е навистина практична. Не само што веднаш си пробувате како ви стојат часовниците, туку можете да ги видите разните опциите кои ги имаат Tissot часовниците.
Овој пример и конкретно проширената реалност е одлично решение за сите веб продавници за облека, модни додатоци итн., бидејќи корисникот може да го проба како му стои, а најверојатно ако сте женско и да го искомбинирате да видите како ќе ви оди со останатите парчиња облека. Освен за корисниците сигурно ќе им донесе и зголемена продажба на продавниците.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.