Google додава дигитрон со 34 копчиња во пребарувањето

2 коментари 1 мин. читање

Google Search наскоро ќе добие интерфејс со 34 копчиња за полесно решавање на математичките проблеми, пишува Verge. Наместо да пребарувате математичко решение, доволно ќе биде да внесете “2+2” или некоја друга равенка за да ви се појави дигитронот веднаш во пребарувањето.

Можеби дигитронот е мала функционалност, но заедно со Knowledge Graph се дел од планот на Google да го направи пребарувањето полесно, но и да ги задржи корисниците на својата веб страна. Google сака да може да ни даде точен одговор на секое наше барање без да кликаме на други линкови.

Според Google, во тек е последната фаза од надградувањето во Panda алгоритмот кој ќе донесе подоверливи и поточни резултати.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед