0 коментари 2 мин. читање 19 мај, 2015

Видеоигрите пристигаат на Facebook Messenger

Видеоигри пристигаат на апликацијата за чет Facebook Messenger. Игрите се најпопуларните апликации на Apple AppStore и Google Play и редовно се во врвот на листите за заработка, па интересот на Facebook да ги вметне во својата апликација воопшто не треба да изненади. Но, тоа што ќе биде интересно е да видиме како во четот ќе ги интегрира игрите, кои веќе се присутни на друштвената мрежа.

Во моментов нема финален план за датата кога првите игри би се појавиле на Messenger, вели The Information. Потврда на шпекулацијата доаѓа и од Илја Сукар кој е задолжен за апликациите на Messenger платформата.

За сега на Messenger се достапно поедноставни апликации, додатоци за комуникација повеќе емотикони, испраќање на тонски записи, можност за испраќање на GIF и слично. Facebook пред неколку месеци кога ја најави Messenger платформата најави дека нема да има ограничивање на апликациите кои ќе можат да направат, а имплементирањето на видеоигри на платформата би можело да биде и дефинитивен доказ.

Неодамна Facebook додаде и можност за видео повици во Messenger, што го направи конкурентен на Skype, иако со 800 милиони мобилни корисници Facebook може да се пофали како лидер меѓу ваквите апликации.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top