Alibaba им најде практична примена на QR кодовите

0 коментари 1 мин. читање

Alibaba започнува соработка со израелскиот стартап Visualead, кој работи на поатрактивни QR кодови. Со новите QR кодови кинеската продавница Alibaba сака да стави крај на продажбата на неоригиналните и фалсификувани производи. Преку QR кодовите корисниците ќе можат да проверат дали се работи за оригинален производ, додека брендовите ќе можат да ги персонализираат кодовите.

Компанијата започнува соработка и со дел од брендовите кои ќе треба да ги стават кодовите на своите производи, а со помош на апликацијата корисниците ќе можат да проверат дали станува збор за копија или оригинал. L’Oreal е еден од првите бреднови кои ќе ги користат новите кодови, а компаниите ќе можат значително да ги променат кодовите со додавање на сопствени слики, јави The Next Web.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед