Видеоигри, виртуелна и проширена реалност во МКЦ

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Од 29 октомври па се до 4 ноември во Скопје се одржува изложба на интерактивна уметност „PlayUK Arcadia 2018“. Сепак  најверојатно најинтересниот дел за нас се одржува од 2 до 4 ноември.

Настанот е во организација на Британскиот совет, а настани има во Музејот на современа уметност и Младинскиот културен центар. PlayUK е платформа на Британски совет за Западен Балкан чија цел е да го поддржи и развие аудио-визуелниот сектор во регионот. Поддршката доаѓа преку поврзување на професионалци од Обединетото кралство и земјите од Западен Балкан. PlayUK е фокусиран на виртуелна реалност, проширена реалност, визуелни ефекти и анимација, и создава уникатен мост меѓу креативците и ИКТ секторот.

Од 2 до 4 ноември публиката во МКЦ ќе може да види изложба на видеоигри и музичка програма, како и „Дневната соба на иднината“. На изложбата на видеоигри се претстават две игри за кои веќе сме пишувале. Odium to the Cоre од Dark-1 и откако малку ги заборавивме, Workbench Entertainment ќе ја претстават Wounded.

Дел од програмата во МКЦ ќе биде и интерактивна дигитална изложба на која ќе бидат претставени најновите и најголемите достигнувања во полето на ВР и АР инсталации, видео игри, мобилни апликации и друго; работилницата Дневна соба од иднината, чиј домаќин е FACT, ја истражува иднината на радиодифузијата; како и дневна музичка програма со диџеи од Западен Балкан и Обединетото кралство. Десетина креативци од дигиталните медиуми и експерти од Западен Балкан ќе бидат поканети да престојуваат во Скопје и да учествуваат во програмата.

Повеќе податоци за настанот може да дознаете на страницата на British Council или на Facebook страницата на настанот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments