1 коментар 1 мин. читање

Видео: Робот се препозна самиот себе во огледало

Qbo, робот со стереоскопска визија кој во себе има софтвер за препознавање на објекти и лица, развиен од компанијата TheCorpora, се препозна самиот себе во огледало.

QBO, чиј код е слободен, е мал робот со вештачка интелигенција создаден за домашни потреби. Целта на креаторите е да создадат робот кој би служел како милениче. QBO располага со стереоскопска визија (2 веб-камери кои препознаваат лица, длабочина на слика, објекти, бои, мапи и сл.), систем за говор и препознавање на говор (засега само англискиот е поддржан), интернет конекција преку Wi-Fi, ултразвучни сензори преку кои успева да избегне објекти и падови и сл.

Од TheCorpora велат дека идејата за овој мал експеримент дошла откако било споменато дека само човекот, делфините и некои видови на мајмуни можат да се препознаат самите себе во огледало… Повеќе детали за како QBO успева да се препознае во огледало може да пронајдете на нивниот блог.

Напишано од

Дамјан е иницијатор и еден од ко-основачите на IT.mk, а исто така и основач на ИТ компанијата IWM Network и на Aqtos, бизнис оперативен систем за компании. Има повеќе од 20 години искуство во развој на дигитални производи, дигитална трансформација, веб-развој, UX/UI, SEO, брендирање и е-трговија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top