Откако вчера New York Times објави дека кинески хакери ги напаѓале со месеци, со исто соопштение излезе и Wall Street Journal. Медиумите соработуваат со властите и безбедносни експерти за се ослободат од хакерите. Медиумите изјавуваат дека целта на хакерите е да ги надгледуваат известувањата за Кина, но Кинеското Министерство за Одбрана ги негира сите врски со хакерите кои ги извршиле нападите, но негираат и дека самите се нарачатели на вакви акции.
Надворешни експерти кои ja отстраниле заканата, посочуваат дека нападот е направен од компјутери лоцирани во Пекинг. Напаѓачите барале имињата на извори на медиумите, а при тоа ги откриле лозинките на речиси сите вработени во New York Times и разгледувале по документите на над 53 луѓе.
Почетокот на нападите врз весниците е речиси во исто време со статиите на New York Times, кој објавува дека роднините на премиерот Вен Џибао преку ноќ стануваат милијардери. Безбедносните експерти ангажирани од весниците наоѓаат сличности помеѓу нападите и методот на работа на кинескотот воено разузнавање. Кина е посочена од САД, но и други држави и комјутерски безбедносни експерти за обемна сајбер-шпионажа, чија цел е да се украдат доверливи информации, коорпоративни тајни, но и да се заплашат критичатите, објавува Associated Press.
Администрацијата на Обама во скоро време може да донесе одлука за поагресивна акција против кинсеките сајбер-напади, известува Associated Press.







