0 коментари 2 мин. читање 19 април, 2016

Видеата од 360 степени се вовед за виртуелната реалност на YouTube

Новите 360-видеа во живо треба да го размрдаат YouTube, нудејќи им на сите корисници шанса да гледаат креативна корисничка содржина дизајнирана за виртуелната реалност. Најголема предност на технологијата е што корисниците не треба да прават никаква дополнителна инвестиција. Наместо ова корисникот сам ја пали YouTube апликацијата, без никакви очила за проширена реалност или нешто слично. „Како корисник нема да ви биде потребно ништо. Нема технологија која треба да ја купите или интегрирате“, вели Нил Мохан од Google.

За подобрување на квалитетот на 360-видеата YouTube прави неколку промени. Кoмпанијата ќе овозможи 1440p видео со 60 fps, и ќе започне со поддршка за DASH и VP9. Oва ќе овозможи намалување на протокот за видео со висок квалитет, видеата на Android апликацијата сега ќе доаѓаат со можност за насочен звук, а YouTube нема да запре на ова. Креаторите на содржини треба да инвестираат во камера, но напредокот на технологијата овозможува сега овие камери да бидат поевтини. Дел од камерите се достапни за 350 долари, што е помалку од очилата за проширена реалност. YouTube веќе има креатори на содржини кои се заинтересирани. „Ќе продолжиме да ги поместуваме границите и да истражуваме“, вели Курт Вилмс од YouTube VR и YouTube Live.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top