Претставена е нова иновација со електронска кожа која може да креира дисплеј. Неодамна биохакери започнаа со „инсталирање“ на чипови под кожата, но новиот материјал има повеќе можности. Кожата ја направи тим научници од Универзитетот од Токио, а идејата зад проектот е да биде дисплеј на кој ќе се покажуваат важни параметри за здравјето. На дисплејот може да бидат прикажани инфирмации како концентрацијата на кислород во крвта или пулс, објаснува Sciencemag.
Фолијата е дебела само 3 микрометри и е замена за сите досегашни слични технологии кои се базираа на пластика. Изработена е од слоеви на органски и неоргански материјали, а помеѓу нив се сместени транспарентни електроди, преку кои се напојува LED дисплејот. Подобрување има и во LED дисплејот кој сега е поефикасен, помалку се загрева, а со тоа се намалува и потрошувачката.
„Напредокот на мобилните телефони го револуционираше начинот на кој комуницираме. Иако овие алатки за комуникација стануваат сѐ помали и помали, уредите мораме да ги носиме со нас. Што доколку имаме уреди кои се во нас, а можат да го покажат стресот или непријатноста? Освен тоа што нема потреба да ги носиме уредите со нас постојано, може да го променат и начинот на комуникација или да додадат сосема нова димензија на начинот на кој комуницираме“, велат истражувачите.







