Пронаоѓањето на алатки и ресурси за стартапи не е едноставна работа, но ботот Kukie ќе може да ви помогне, или барем да ве инспирира. Автоматот за разговор Kukie, кој функционира на Facebook Messenger, предлага алатки за новите претприемачи кои би им помогнале да креираат бизнис план, да стартуваат стартап или можеби да прочитаат некој текст кој ќе им даде идеи.
Ботот не е совршен, си има ограничувања на тоа што го нуди, но концептот е навистина интересен бидејќи функционира како еден вид на агрегатор на стартап ресурси. Сервисот ќе им помогне на сите кои можеби се мачат да пронајдат бесплатен софтвер, извори на фотографии или имаат некое прашање за маркетинг. Kukie е креиран од DIKY, а освен што може од него да се добиваат податоци, корисниците можат доколку некој податок или ресурс не се внесени, да ги додадат.