0 коментари 1 мин. читање

Со NewMan’s Got Talent студентите можат да дојдат до стипендии, а компаниите до идни вработени

NewMan’s Got Talent е нова програма на NewMan’s акцелераторот со којa ќе се обидат да им помогнат на работодавачите да најдат работници, а на студентите да дојдат до стипендии за студирање.

Студентите кои се заинтересирани за стипендирање ќе треба да се пријават во акцелераторот, по што ќе се одржат неколку обуки и тестови. Ова треба да им овозможи на компаниите да се запознаат со студентите, и да видат дали одговараат на нивните потреби. Првите тестови започнуваат денес, а заинтересираните за тестирањето во август, можат да аплицираат на следниот линк.

„До крајот на месец септември ќе се одржат повеќе обуки и две тестирања, резултатите ќе се објават јавно и само најдобрите ќе продолжат во финалето каде што ќе имаат можност да ги презентираат своите квалитети и знаење со цел да освојат до 100% стипендија и шанса за вработување во некои од најдобрите компании во Македонија“, велат од акцелераторот.

Се чини дека со овој проект NewMan’s конечно и официјално ќе се обиде да стане посериозен тренинг центар. Идејата за поврзување на компаниите со идните вработени е одлична, а доколку на неа се приклучат и универзитетите ќе биде уште подобра.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top