Европскиот парламент ја поддржа иницијативата за креирање на побезбедна онлајн иднина за компаниите и корисниците на онлајн услуги во Европа. Новиот закон за сајбер безбедност ќе обезбеди помалите компании да имаат подобра безбедност, а големите компании да мора да ги пријавуваат сајбер нападите, пракса што многу ја игнорираат на штета на корисниците од страв дека ќе бидат јавно посрамени, јави Bloomberg.
Законот се однесува на сите компании и индустрии, од банкарство, па до енергија и транспорт. Сите ќе мораат да ги исполнат условите за онлајн работење. Законот е донесен на 6 јули, а можеби најголемата предност која доаѓа од него е соработката на владите на земјите-членки за надминување на проблемите од национална безбедност. Онлајн безбедноста е клучна кога е во прашање единствениот дигитален европски пазар. Креирањето на единствен пазар, без зголемување на безбедноста и зголемување на соработката на агенциите за справување со онлајн криминал, можеше да предизвика повеќе проблеми отколку што решаваше.
„Новиот закон ќе помогне да се спречат сајбер нападите на важната структура во Европа.“, вели Андреас Шваб, германски претставник во Европскиот парламент.
На сајбер криминал, човечките грешки и техничките проблеми отпаѓаат загуби од 260 милијарди евра секоја година.
[…] Прочитај ја цела статија… […]