0 коментари 2 мин. читање 17 октомври, 2017

Вештачката интелигенција на Google пишува подобар код од своите креатори

Вештачката интелигенција која ја креираа од Google, AutoML набрзина ги надмина своите творци. AutoML испеа да напише неколу програми за машинско учење кои се поефикасни од кодот кој го напишаа нејзините творци, вели NextWeb.

Интересно, од Google го креирале софтверот бидејќи немале доволно развивачи на софтвер за вештачка интелигенција. Вештачката интелигенција работи на слични принципи како и AlphaGo, вештачка интелигенција шампион во Го. Најпрво лоцира делови од кодот каде може да се направи оптимизација, а потоа ги прави промените и симулациите. Истото го продолжува додека не постигне максимална ефикасност.

Бесконечното трпение му овозможи на AutoML брзо да ги надмине своите креатори. Софтверот кој го крера не само што е поефикасен, туку е и попрецизен. Пример, софтверот за препознавање на предмети на слики функционира со точност од 82 %. Софтверот може да препознае различни точки на сликите со 42 % прецизност. За разлика од ова, софтверот креиран од луѓето препознава точки со 39 % присутност.

Целиот напредок на Auto ML е направен во последние 5 месеци од кога софтверот е и креиран од развивачите.

Единствената лоша вест е што засега технологијата не функционира доволно добро за програмери да можат да ја користат за практична примена. Сепак, токму ова е целта на Google, вели Futurism.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top