Спонзориран текст

Нема храна! Има ли чаре?

Спонзорирано од Еден на Еден

во Спонзорирани

Ако тргнавте да пазарите во супермаркетот Гранап во Карпош, големи се шансите дека ве пречека голем знак – НЕМА ХРАНА! Сигурно се разочаравте, но знајте дека многу полошо се чувствуваат илјадници Македонци секојдневно, бидејќи всушност ова за нив е секојдневие!

Гранап маркетите во соработка со маркетинг агенцијата Еден на Еден ја направија оваа акција со цел подигнување на свесноста за 17 октомври, денот на борба против гладот. Имено, маркетот во Карпош 4 беше затворен и опколен со лента која јасно укажуваше дека купците доаѓаат залудно, односно дека едноставно – нема храна. За жал ова е реалност за огромен број наши сограѓани. Како што кажуваат и постерите кои осамнаа на влезот од Гранап, 28.1% од граѓаните во Македонија не успеваат да ги задоволат основните потреби за храна и сметки, а 70.000 луѓе имаат само 2-3 оброци неделно!

Една од ретките организации која се труди да помогне на терен, носејќи храна до оние кои не можат да си дозволат редовен оброк е Банка за Храна Македонија, чиј контакт меил е отворен во секое време за сите ресторани, маркети, компании кои произведуваат храна, како и сите поединци кои сакаат да се вклучат и помогнат. Се што треба е да ги контактирате на [email protected].

“Се надеваме дека ќе допреме до голем број луѓе и дека добар дел од нив ќе се решат да помогнат. Секоја чест на Гранап маркетите кои се дел од организациите веќе вклучени во листата помагатели на Банка за Храна Македонија, навиваме да бидат мотив плус за сите останати да го сторат истото. Нека следниот 17 октомври биде ден со помалку гладни!” –изјавија од маркетинг агенцијата Еден на Еден.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Еден на Еден . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk