Гостувањето на Бил Гејтс и Илoн Маск на Code Conference 2016 привлече огромно внимание, посебно што зборуваа за вештачката интелигенција и тоа што нè очекува во иднината. На конференцијата, која се одржува во Калифорнија во организација на Recode, двајцата се одлучија да зборуваат, пред сè, за опасностите кои може да ги предизвика AI.
Г. Маск не зборуваше премногу за вештачката интелигенција, но откри дека само една од компаниите кои работат на вештачка интелигенција го плаши. Иако не кажа јасно која е оваа компанија се чини дека без сомневање станува збор за Google. „Не сите иднини на вештачката интелигенција се безопасни, а најважно е да бидат безопасни… Затоа и го креиравме OpenAI.“
Бил Гејтс пак го поздрави напредокот на вештачката интелигенција, но предупреди дека доаѓањето на машини кои се поспособни од луѓето ќе дојде со уникатни предизвици за човештвото. Првиот проблем е намалувањето на работни позиции кои им се достапни на луѓето, не само со затворањето на некои позиции за кои повеќе нема да има потреба, но не е загрижен од недостигот на потреба од луѓе-работници. Вториот проблем е „Rogue AI“, или вештачка интелигенција што ќе развие свест која луѓето нема да можат да ја контролираат, иако г.Гејтс вели дека ќе помине време да се случи тоа.