1 коментар 3 мин. читање 14 август, 2017

Вештачката интелигенција е подобра од луѓето и во Dota 2

Како специјално изненадување на најголемиот Dota 2 настан годината, International, се одржа ревијален натпревар помеѓу човек и машина. Вештачката интелигенција дојде од Open AI, непрофитна организација основана од Илон Маск. „Честа на луѓето“ на ревијалниот натревар ја бранеше Данило „Dandy“ Ишутин. Во текот на „тренингот“, Open AI ги победи и Артур „Arteezy” Бабаев (најдобар Dota 2 играч) и Саид „Suma1L” Хасан (Најдобар 1 на 1, Dota 2 играч). Победата во Dota 2, 1 против 1 е последниот успех на вештачката интелигенција, откако досега победувашe против луѓето во шах и го.

„Dota 1 на 1 е комплексна игра со многу скриени податоци. Агентот мора да научи да планира да напаѓа и да ги измами своите противници. Односот на вештината на играчот е пропорционална со бројот на напади во минута, а вештачаката интелигенција има сличен број на напади во минута со луѓето“, објаснува Open AI на својот блог.

Изигранaта партија беше со повеќе ограничувања. Се играше до две победи, а Open AI победи со 2:0. Со оглед на тоа дека тимот на Open AI имаше само две недели за да се подготви за International, времето можеби и не значи многу. Развивачите велат дека вештачката интелигенција изиграла повеќе партии отколку што луѓето можат да изиграат за илјада животи.

Правилата за играње на Dota 2 не се внесени на вештачката интелигенција. Наместо тоа, оставено е да изигра илјадници партии, а развивачите потоа оценуваа што е, а што не добра пракса. Можеби поинтересна е најавата за идните планови.

Open AI најавува дека планираат да претстават партии во кои ќе учествуваат луѓе и вештачка интелигенција од двете страни. За следниот International најважен е 5 на 5 натпреварот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}