Anonymous ја проби страницата на белите националисти Daily Stormer

во Вести

Шарлотсвил е мал студентски град во Вирџинија, САД, но викендов е во центарот на известувањата на сите медиуми. Причината за ова е најавата за отстранување на споменикот на генералот Роберт Ли. Екстремната десница ова го искористи како повод за повик на протести и обединување на крајната десница во САД.

На протестот на крајната десница е организиран и контрапротест. Покрај вонредната состојба и зголеменото присуство на нациналната гарда, протестите не беа мирни, а имаше и 3 жртви. Две жртви загинаа во несреќен случај при пад на хеликоптер, но 32 годишната Хедер Д. Хајер е жртва на бел националист кој со своето возило влета во толпа на контрапротестанти.

Ситуацијата во Шарлотсвил сè уште е напната, и се чини дека барем засега помирувањето не е на повидок. Претседателот Трамп го осуди насилството во Шарлотсвил.

„Внимателно ги следиме страшните настани што се случуваат во Шарлотсвил, Вирџинија. Најостро го осудуваме ова изразување на омраза, фанатизам и насилство од многу страни“.

Веб хостинг против националисти

Најголемата веб хостинг компанија Go Daddy, по судирите одлучи да престане да го хостира сајтот на белите националисти, Daily Storm. Причината за отстранувањето е одвратната статија со која се оцрнува г-ѓа Хајер.

„Го информиравме сопственикот на Daily Stormer дека има 24 часа да го префли доменот на друг провајдер, бидејќи ги нарушува правилата за користење“.

На сопственикот на Daily Stormer му се оставени 24 часа да го префли доменот поради нарушувањето на правилата за користење на Go Daddy.

Тука не завршија проблемите за сопственикот на Daily Stormer. Хактивистите Anonymous ја презема контролата врз сајтот и во пост на самиот сајт најавија дека по 24 часа целосно ќе ги избришат содржините.

„Настаните од Шарлотсвил не предупредија за потребата од итна акција. Сакаме нацистите да знаат: Вашето време е кусо. Ќе дозволиме страницата до остане онлајн уште 24 часа за светот да може да посведочи на омразата. Потоа ќе ја исклучиме. Засекогаш“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments