0 коментари 2 мин. читање 29 јуни, 2016

Вештачката интелигенција Alpha ги победи искусните пилоти во симулатор

Авион управуван од вештачка интелигенција – Alpha, успеа да победи двајца пилоти во симулација. Вештачката интелигенција беше во одбранбена улога и управуваше со четири авиони во одбрана на западниот брег на САД. Двајца искусни пилоти во пензија беа напаѓачите кои управуваа со подобри авиони. Вештачката интелигенција успеа да ги избегне нападите на луѓето, и да ги собори нивните авиони без никакви загуби, јави BBC. Тестовите се дел од студија на американското воздухопловство.

„Се чини дека имаме вештачка интелигенција која може да се справи со секојдневните задачи во воздушна средина, која е многу динамична и со многу параметри. Вештачката интелигенција е способна да се одбрани од квалификуваните и вешти пилоти“, вели Даг Бери, воен аналитичар во IISS. „Ова е како шаховски велемајстор да загуби против компјутер“.

Alpha се базира на „fuzzy logic“, компјутерот кој врз основа на многу параметри носи одлука што е најблиска до посакуваното решение. Со помош на „fuzzy logic“ вештачката интелигенција разгледува повеќе можни решенија и го одбира она кое носи најголема предност.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top