Facebook ќе препорачува кул настани на корисниците

Жителите на 10 градови во САД ќе добиваат известување за најдобрите Facebook настани кои ќе се случуваат во нивната близина. Изборот на настани кои ќе ги препорачува социјалната мрежа доаѓа од куратори, кои би требало со промената да привлечат повеќе корисници на интересните настани, дури и кога ниеден нивен пријател нема да присуствува на настаните.

Известувањата за препораките ќе пристигаат порано, па сите ќе имаат доволно време да се подготват за присуство на настанот. Кураторите ќе мора да ги избегнуваат препораките за политички и религиозни настани, и ќе внимаваат на настаните кои се организирани во помала локација, која можеби нема капацитет ако социјалната мрежа испрати покани до илјадници корисници, вели TechCrunch.

Засега проемените доаѓаат единствено за iOS верзијата на апликацијата, но Facebook воoбичаено брзо ги надградува апликациите. Новината стартува во САД за почеток, но ако се покаже експериментот успешен може да биде глобална функционалност.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk