Xiaomi QiCycle не е убав велосипед, но ќе ве однесе каде што сакате

Кинеската компанија Xiaomi претставува нови производи кои немаат многу допирни точки со паметните телефони кои ги прославија. Mi Qicycle е новиот производ кој го претставува Xiaomi, а станува збор за паметен електричен велосипед. За разлика од конкуренцијата која често чини неколку илјади долари, Qicycle доаѓа за 455 долари.

Моторот на велосипедот со едно полнење на батериите може да помине 45 километри. Со оглед на тоа дека е паметен уред, бројот на функционалности кои се вметнати не е никакво изненадување. Компјутерот на велосипедот презентира податоци за: брзината, преостанатата енергија, патот за кој е доволна енергијата, потрошените калории, а овозможува и промена на режимот на работа во неколку класи: фитнес, заштеда на енергија, балансиран и полнење на батериите.

Велосипедот е совршен за превоз низ кинеските тесни улици тврди Xiaomi, а една од најголемите предности на Mi Qicycle е што може да се спакува и да се пренесе во автобус, воз или во багажник на автомобил.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments