Венчајте ги науката и технологијата

во Статии

{mosimage}Се водат многу дебати за е-бизнис варијаблите од секој бизнис и местото кое технологијата го зафаќа во процесите, релативно со употребата на новите научни практики и методологии. И двете се интегрален дел од современите компании, но тоа што е важно е нивното меѓусебно поврзување.

Навлегувајќи подлабоко во поентата на технологијата, наидов
на почитуваниот Карл Саган, кој рекол: "Ние направивме цивилизација во
која најважните елементи во основа зависат од науката и технологијата." Да
претпоставиме дека е во право, и да ги земеме тие две варијабли како најважни и
во контекстот на компанијата.

Науката го опфаќа целокупното знаење на компанијата,
земајќи го во предвид збирот на нивоата на знаење и искуство на сите вработени
и синергијата помеѓу нив.

Технологијата би претставувала збир од сите тие
дигитални апарати и машини кои се користат во компанијата во секојдневните
процеси. Двете варијабли се поврзани меѓу себе интерно (човек-со-човек;
машина-со-машина) , како и еден помеѓу себе (човек – машина и vice versa).

Но, како тие се вклопуваат?
Технологијата е одлично опремена да одговори на прашањето "Како",
но не може да одговори на прашањето "Зошто". Додека науката
(луѓето) секогаш започнуваат со тоа "Зошто" а дури потоа мислат
"Како". Овој факт ги прави технологијата и знаењето комплементарни,
елиминирајќи си ги меѓусебе недостатоците.

Но, од друга страна, пак, има огромна провалија помеѓу нив, бидејќи
денешната наука е утрешната технологија. Тоа значи дека сите процеси за кои
луѓето поседувале определено знаење и ги правеле во секојдневниот живот, по
одреден период биде претворени во технологија. Тој период претставува
временската разлика помеѓу двата поими.

Да земеме пример од е-бизнис решенијата, како што е МОП (менаџент на
односите со потрошувачите). Многу години наназад компаниите се труделе да
најдат нови начини за чување на информациите за потрошувачите и да ги задоволат
нивните потреби на најдобар начин. Сето тоа знаење, по некој период постанало
технологија – МОП систем кој го вклучува целото кумулирано знаење за текот на
процесот и интеракциите на елементите на процесот.

Како да се справиме со разликата?
Со венчавање на науката (луѓето) и технологијата и користење на најдоброто од
двете! На тој начин можете да го искористите кумулираното знаење вклучено во
технологијата и свежите идеи, логичното размислување и новите стекнати знаења
од луѓето.
Па, што чекате? Предложете и брак на
технологијата!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk