Олимпијадата ќе биде цензурирана

во Свет

{mosimage}Кина ја „олабави“ својата цензура откако беше под притисок од Олимпискиот комитет (ИОК) и светските медиуми, многу од нив и спонзори на игрите. Сајтовите за маскарот во Тиананман и ББЦ вестите на кинески јазик сега се достапни. Но сајтовите за Тибет и Кинеското демократско движење се уште не постојат на кинескиот интернет простор.

Иако ИОК бараше
целосна медиумска слобода од Кина, сепак тие се сложија со Кина.

– Слободата
на медиумите договорени со Олимпискиот комитет, се однесуваа на известување за
игрите. Ова не мора да значи дека има слободен пристап да се известува за се во
Кина – рече Кеван Госпер, член на ИОК откако друг член од комитеот пред 2 недели изјави дека „медиумите ќе
известуваат слободно, по прв пат во Кина“.

Тоа значи дека
одредени сајтови со „сензитивнa“ политичкa содржина за кинеските
власти ќе бидат блокирани, како сајтовите на Amnesty International,
агенција за за човекови права, или пак да пребаруваат на интернет за Тибет,
земја која сака да се отцепи од Кина, за масакрот во Тиананмен во 1989 кога
војската со сила ги спречи цивилните протести како и многу други.

{mosimage}

Иако цензурата е
изненадување за странските новинари, сепак интернет општествата (bbs.hangzhou.com.cn,
youcha.net, actcn.net, Shahe99.com) во Кина предупредија дека дури и политичка
дебата за време на Олимпијадата ќе биде цензурирана, а IP-адресите на
„навредувачите“ ќе се најдат во Кинеската канцеларија за јавна сигурност.

Еден од
блог-сајтови Sohoxiaobao.com, дури и ги замоли блогерите да не пишуваат
осетливи теми за време на Олимпијадата „за да се заштити Sohoxiaoba“.

Сепак, Кинеските
власт остануваат на тоа дека сите странци кои користат Интернет во Кина ќе
бидат под истата цензура под која се и нејзините граѓани, цензура која е слична
на таа што ја користат многу земји за порнографијата на интернет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk