Vellum: кооперативната roguelite авантура излезе од раниот пристап

Vellum е кооперативна акциона roguelike игра развиена од Alvios Games. Во светот на магичните книги, ќе користите магии базирани на мастило за да се борите против мистериозни непријатели. Играта нуди динамични авантури кои можат да се играат соло или во група до четворица играчи, со фокус на синергија и брзи сесии на играње.

Свет на магичните томови

Основната премиса на Vellum се врти околу истражување на томови – магични книги кои претставуваат ехо на познати бајки и приказни, секоја со свои уникатни правила и механики кои го менуваат текот на играта. Играчите ја преземаат улогата на писари кои ја штитат таканаречената осветлена библиотека од монохроматските непријатели познати како The Torn. Вооружени со магии кои црпат сила од мастило, играчите мораат да соработуваат за да ги надминат предизвиците. Сесиите се дизајнирани да бидат брзи, обично под 30 минути, што ја прави играта пристапна и за пократки гејминг сесии.

Магии со мастило и уникатни механики

Еден од клучните аспекти на Vellum е системот Signature Inks каде можете да изберете една од шесте бои на мастило (црвена, сина, зелена, розова, жолта, портокалова). Овие бои функционираат како класи со свои уникатни надградби и стилови на игра. На пример, црвеното мастило овозможува црпење живот од непријателите, додека зеленото повикува сојузници. Во хаосот кој произлегува од непредвидливите битки, ќе наидувате и на најразлични Scrolls of Power. На располагање имате над 300 различни засилувања кои можат драстично да го променат начинот на игра и да создадат моќни комбинации. Дополнително, преку инвентивниот систем за обликување на магии, ќе можете да ги модифицирате своите основни магии со различни додатоци.

Она што го издвојува Vellum од другите игри во жанрот е механиката Torn Pages. Наместо играта автоматски да ја зголемува тежината, играчите самите избираат надградби и ефекти за своите непријатели (со над 100 опции). Ова додава стратешки слој каде што играчите мораат да одлучат како идните ситуации ќе еволуираат за да одговараат на нивната растечка моќ, создавајќи уникатни предизвици при секој ран.

Прогресија, предизвици и персонализација

Помеѓу сесиите, играчите можат да ја истражуваат магијата на мастилото и да вршат подобрувања преку систем на таленти. За дополнителен предизвик и награди, играчите можат да додадат специјални предизвици врзани за секој ран. Постои и ротирачки клуб на читатели кој се одликува со глобални предизвици кои се менуваат на две недели. За оние кои ќе стигнат до крајот, тука се бескрајните додатоци кои нудат продолжување на борбата. Играта исто така овозможува персонализација преку лични катчиња за читањел, каде можете да ја декорирате вашата библиотеката со стотици предмети. Кооперативниот аспект е зајакнат и со мистичниот фонт, каде тимот може да активира моќни засилувања поврзани со темата на Томот.

Развој и прием

Vellum беше лансирана во Ран Пристап (Early Access) на Steam на 28 март 2024. За време на раниот пристап, играта доби над 20 значајни ажурирања со нова содржина (нови мастила, томови, босови, непријатели, моќи) и подобрувања базирани на повратните информации од заедницата. За целото тоа време, голем дел од гејмерите со задовоство ја препорачуваат играта и го фалат кооперативниот аспект, уникатната механика со непријателите и визуелниот стил.

Vellum нуди свеж пристап кон акциониот роглајк жанр, комбинирајќи брза кооперативна акција со длабоки стратешки елементи, особено преку уникатниот систем каде играчите самите ја обликуваат тежината на предизвикот. Со широк спектар на моќи, класи (мастила), и можности за персонализација, Vellum е привлечна опција за љубителите на кооперативни игри и роглајк авантури кои бараат нешто ново и ангажирачко.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk