3 игри кои допрва треба да излезат: Let Them Trade, Solnox – Grimoire of Seasons и Exovia

Добро е чувството кога знаете дека секогаш има возбудлив бран наслови што допрва треба да излезат. Независните студија честопати носат свежи идеи и уникатни искуства, како и што е случајот со следниве три игри кои се под издавачкото крило на ByteRockers’ Games: Let Them Trade, Solnox – Grimoire of Seasons и Exovia. Секоја од овие игри нуди различни, но забавни гејмплеј механики и уникатни визуелни стилови, привлекувајќи широк спектар на играчи.

Let Them Trade: Градење царство за трвовија

Let Them Trade, развиена од Spaceflower и објавена од ByteRockers’ Games, е стратегија што ве става во улога на владетел чија цел е да изгради просперитетна мрежа на градови. Играта се фокусира на производство и трговија со ресурси, надградба на вашиот замок и заштита на градовите од бројни непријатели.

Она што ја прави оваа игра интересна е нејзиниот пристап кон економијата. Можете да си играте со економските аспекти без да брзате, гледајќи како шармантниот свет прераснува во живо и просперитетно кралство. Ресурсите се расфрлани низ мапата, а вие ги собирате преку основање нови градови. Иако вие одлучувате за поставувањето на зградите, градовите автономно излегуваат во пресрет на потребите на жителите, располагајќи со сопствен буџет и ресурси. Имено, градовите купуваат и продаваат ресурси и стоки, а вие само добивате процент од даноците кои се засноваат на трговијата која се изведува. Побогатите градови се подарежливи, додека посиромашните се поштедливи, а посреќните граѓани плаќаат повеќе даноци, зголемувајќи ги приходите на градот.

Подразбирливо, богатството привлекува разбојници, па заштитата на градовите е клучен аспект. Играта нуди различни сценарија со различни предизвици, обезбедувајќи динамично искуство. Целосната верзија на играта ќе вклучува повеќе содржини, витези и бандити, настани што влијаат на економијата, обемна кампања, режим на „песок“ (sandbox) и уредник на мапи со поддршка за Steam Workshop. Иако точниот датум на излегување сè уште не е објавен, демо верзија е достапна на Steam.

Solnox – Grimoire of Seasons: Магијата на годишните времиња преку тактички битки

Solnox – Grimoire of Seasons, од ByteRockers’ Games, е тактичка игра со градење шпил каде што ја користите моќта на годишните времиња за да го манипулирате бојното поле и да ја добиете битката. Избирате еден од тројцата чувари, секој со свои моќни рунски камења и уникатни шпилови. Откако ќе ги совладате нивните способности, имате за задача да го усовршите вашиот шпил и да ослободите моќни синергии за да го промените постојано менливото бојно поле во ваша корист.

Секое годишно време носи своја посебна моќ, способна да го обликува бојното поле на уникатни начини. Па така, користите сезонски руни за манипулирање со теренот, зајакнување на способностите и ослабување на непријателите. Како што напоменавме, секој чувар нуди уникатен пристап кон битката, обликувајќи ја борбата уште од првата одиграна карта.

Solnox – Grimoire of Seasons се одликува со roguelike елементи и со секој неуспешен обид, станувате посилни, отклучувајќи нови шпилови и добивајќи пристап до уште помоќни и посложени руни. Борбата се одвива на хексагонална мрежа, а наместо мана или енергија, можете да ги користите сите шест карти што ги извлекувате во еден потег. Solnox – Grimoire of Seasons се очекува да излезе во 2026 година.

Exovia: Релаксирачко Рударење Астероиди и Логистика во Вселената

Exovia, исто така од студиото ByteRockers’ Games, е релаксирачка симулација за извлекување руда од астероиди која е пропратена со логистички елементи. Како новата надеж на човештвото, испратени сте сами до најоддалечените делови на вселената со цел да изградите портал за патување низ вселената. Вашата задача е да пронаоѓате, извлекувате, пренесувате и користите изобилни ресурси од масивен астероид. Започнувате со изработка на основни алатки и опрема од камења и мраз, а потоа напредувате низ астероидот за да дојдете до поцврсти минерали за изградба на подобри машини.

Клучен аспект на играта е автоматизацијата и максимизирањето на производството преку градење патишта за снабдување и производни линии. Можете рачно да користите ласер и вакуум за кршење карпи и собирање ресурси, или да создадете огромни автоматизирани автопати до вашата база со дронови и забрзувачи. Секој успех носи нови предизвици што треба да се надминат; поголемиот излез бара попаметна логистика, а секое решение е нова можност за експериментирање и оптимизација.

Играта нема временски притисок, овозможувајќи ви да ги поставувате и решавате задачите со сопствено темпо. Целта на Exovia е да понуди релаксирачко и длабоко задоволувачко искуство, фокусирајќи се на оптимизам и откривање, наместо на конфликт. Играта се очекува да излезе во 2026 година.

Овие три наслови, иако различни по својата суштина, делат заедничка нишка на креативност и посветеност од нивните развивачи, дозволувајќи ви да навлезете во игри со комплексн економии, тактички битки со карти или мирно истражување на вселената.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments