0 коментари 2 мин. читање 20 март, 2020

Веб сајт кој ќе ви каже колку денови ќе издржите со вашата тоалетна хартија

Следниот веб сајт е доказ дека има веб сајт за апсолутно сè.

Претпоставуваме дека се имате изначитано и изнагледано за тоа како се откопуваат ратни секири поради недостаток на тоалетна хартија низ светот. Многу луѓе почнаа да се шегуваат на сметка на само-наметнатиот феномен и да ја користат тоалетната хартија како платежна валута.

How much toilet paper? е веб сајт кој ви кажува колку тоалетна хартија ви треба за да ја преживеете пандемијата. Верувајте нѝ, би сакале да се шегуваме. Ова е веб сајт каде избирате колку ролни имате и колку пати дневно го користите тоалетот за да се пресмета колку ќе трае драгоцената намирница. Па така, пет ролни тоалет и една посета дневно, ви дозволува да спиете мирно цели 80 денови или 571% од вашиот карантин.

Имате и напредни опции. Ве молиме не кликнувајте на напредните опции, ниту пак читајте што се наоѓа во нив. Во напредните опции можете да изберете колку пати се бришете по завршената физиолошка потреба, колку ливчиња користите, колку има во една ролна, колку луѓе има во куќата (колку се тие расфрлаат) и колку денови планирате карантинот да трае.

Да, има веб сајт за апсолутно сè.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top