Само 2,5 отсто од вкупниот број на компјутери отпаѓа на гејминг машини, но кога потрошувачката на електрична енергија е во прашање, гејминг компјутерите се одговорни за 20 отсто од потрошената енергија, вели истражувањето на Energy Efficiency. Еден гејминг компјутер може да потроши дуреу 1.400 KWh годишно, што е еднакво со електричната енергија која ја трошат 10 конзоли, 6 обични десктоп компјутери или 3 фрижидери, вели Ема Милс. Годишно вкупната потрошена енергија е 75 TWh, односно како 25 електрани да произведуваат електрична енергија само за овие компјутери.
Разликата не е креирана единствено поради поголемата потреба за електрична енергија, туку и од навиките кои ги имаат корисниците. Гејмерите во САД во просек играат 4,4 часа во денот, останатите корисници ги користат своите компјутери далеку помалку, а и потрошувачката и оптоварувањето на компјутерот при играње и при разгледување на интернет не е ниту приближна.
Еден од проблемите е што најголем дел од компонентите немаат класа за енергетска ефикасност, па дури и да сакаат да бидат „позелени“ компјутерџиите не можат поради недостаток од податоци. Енергетската ефикасност е податок кој е презентиран единствено ка напојувањето и мониторите, иако и таму е незадолжително. Токму ова е причината за креирање на сајтот Greening the Beast на кој има повеќе податоци за гејмерите.
Решението е едноставно, со замена на дел од компонентите со енергетски ефикасни, потрошувачка на електрична енергија може да се намали речиси двојно. Поголемата ефикасност овозможува поголема заштеда, но не по цена на перформансите.
.







