0 коментари 2 мин. читање 20 јуни, 2016

VanMoof е за велосипедите она што Tesla е за автомобилите

За разлика од останатите електрични и хибридни возила кои повеќе наликуваат на мотор отколку на велосипед, дизајнот на VanMoof е задржан на велосипедите. Иако новиот велосипед доаѓа без електричен мотор, сепак не значи дека ќе биде евтин, па цената достигнува над 1.100 долари.

Но, овој велосипед нуди неколку функционалности кои можеби вредат за парите. Посебно што овој велосипед не може да биде украден. Дури крадците и да успеат да го украдaт велосипедот VanMoof во секој момент знаат каде тој се наоѓа. Технологијата е тестирана, па од првите 300 велосипеди украдени се единствено 9, но и тие се пронајдени, вели Verge.

VanMoff е компанија креирана од браќа ентузијасти кои сакаат да го произведат најдобриот „поврзан“ велосипед. Најголемиот дел од деловите кои компанијата ги вградува во своите велосипеди се произведуваат надвор од Холандија, а дури 80 отсто од деловите се дизајнирани и оригинални за нивните велосипеди.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top