Нeoдговорноста на дел од берзите и веб складишта на крипто-валутите можеби ќе бидат причина зошто истите да не бидат разгледувани како сериозно платежно средство. Decentralized Autonomous Organization, или DAO, остана без 3,7 милиони од нивната крипто-валута ether, во вредност од 79 милиони долари.
Ether e крипто-валута која е конкурент на bitcoin, и DAO ги користеше за организирање експерименти за краудсорсинг инвестиции. Средствата беа складирани во etherum blockchain, од каде инвеститорите во DAO гласаа и ги инвестираа. Повеќе од половината сега се во рацете на хакерот, а откако се дозна за кражбата вредноста на валутата се преполови од 21,50 на 11 долари. Ова предизвика пад и на вредноста на bitcoin, но тој се стабилизираше.
Дел од корисниците на валутата велат дека постои решение. Тоа е да се врати состојбата со крипто-валутата неколку часа пред нападот, јави Business Insider. Тоа ќе ја врати валутата кај сопствениците и ќе ги избриште сите трансакции. Но, не се сите воодушевени од оваа идеја, и повеќе сакаат да ги остават DAO да пропаднат, велејќи дека ethereum ќе се опорави од шокот. Ова можеби е вистина, но DAO е единствена причина за популарноста и растот на оваа валута.
Напаѓачот во меѓувреме објави дека украдената крипто валута воопшто не е украдена. Според него, станува збор за намерно вметната функционалност која ќе овозможи перење пари преку креирање на ќерки фирми на DAO. На ова тврдење одговори Ник Џонсон од DAO кој го демантираше напаѓачот, додавајќи дека крипто-клучот кој го презентирал не е валиден. „ECDSA потписите кои се користат од Etherium се 65 бајтни (130 хексадецимални броеви) кои завршуваат на 00 или 01. Бројот во неговата порака е со потребната должина, но завршува на 20, што го прави невалиден. Доколку напаѓачот навистина ја напишал оваа порака нема причина зошто не е споделен клучот. Ако пораката е напишана од измамник, тој нема да може да генерира валиден потпис и има причина за ваква порака, во која ќе презентира фалсификат клуч. Поради овие причини сигурен сум дека пораката е лажна, а нејзиниот автор сака да предизвика проблем во заедницата.“, вели г. Џонсон.