Вања Јосифовски нов технички директор (CTO) во Airbnb. Г. Јосифовски досега ја имаше истата позиција во Pinterest, а поранешниот „Корчагинец“ досега бил на високи позиции и во Yahoo, Google и IBM.
„Airbnb е извонредна компанија. Ова е компанија која има можност да го промени светот на подобро. Компанија која е многу амбициозна. Можностите се бесконечни за она што Airbnb може да го направи за патувањето, но и многу повеќе од тоа“, вели г. Јосифовски.
Во Airbnb ќе биде директор во одделот Airbnb Homes, ова е најголем и најпрестижен оддел на стартапот, јави VentureBeat.
Во Airbnb тој ќе треба да спои неколку сегменти: инженеринг на домот, вештачка интелигенција, машинско учење и „data science“. Во Airbnb ќе работи со Аристотел Балог, кој до пред неколку месеци беше дел од Google. Г. Балог e CTO на Airbnb. Г. Јосифовски и г. Балог ќе бидат во директна комуникација и одговараат пред претседателот на Airbnb Грег Грили.
„Вања ќе го предводи развојот на техничката визија и насоката на можностите на платформата низ целиот Homes оддел“, вели г. Грили.
Г. Јосифовски беше дел од Pinterest од 2015 година. Најпрво беше дел од инженерските тимови кои работеа на развој на вештачка интелигенција. Тој е и првиот технички директор во Pinterest, во компанијата пред 2017 година оваа позиција не постоеше.
Г. Јосифовски за себе вели дека е еден од ретките кои уште на рана возраст знаеле што сакаат да станат кога ќе пораснат – и станале баш тоа. Вања е роден во Скопје, средното училиште го “искомбинирал” во Скопје (Корчагин) и во Шелби, Северна Каролина, со високо образование се здобил на Институтот Јозеф Стефан во Љубљана, Словенија, магистратура на Флорида Универзитетот, а со докторат се здобил на Линкопинг универзитетот во Шведска.
Прочитајте го нашето претходно интервју со г. Јосифовски од 2008 година.
[…] На крајот на март веројатно немаше поголема вест за Македонија од онаа дека Вања Јосифовски е новиот технички директор во Airbnb. […]