Vampyr, најновото RPG остварување низ петнаесет минути

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Како изгледа најновото RPG остварување од авторите кои ни ги донесоа Remember Me и Life is Strange? Погледнете од 15 минутниот гејмплеј!

Vampyr е предвиден да излезе некаде во 2017 година и она што видовте во горниот видео материјал е солидна pre-alpha состојба на игра која, се чини, успешно ја разработува темата за вечните талкачи низ ноќта. Имено, дејството се одвива во Лондон, но во 1918 година и за време на шпанскиот грип. Низ пустошот од тела, го контролирате анти-херојот Jonathan E. Reid, кој убива за да преживее, но и за да ги надгради своите вампирски способности.

Од она што трејлерот покажува, нашиот доктор не може да убие кого било без да е спремен да се соочи со последиците во иднината. Слично на Life is Strange, што ќе направите и што ќе кажете влијае на мислењето на NPC ликовите и поголемите настани кои допрва ќе се случат. Исто така, вампирските способности доаѓаат со цена. Па така, завлегување во темната страна и потпирање на натприродни решенија за исполнување на вашите цели резултира со такса од вашата крв.

Останатите елементи од гејмплејот се сведуваат на истражување, прикрадување и прислушување, а борбата се споредува со стилот од Assassin’s Creed, преку користење ладни, огнени и, секако, вампирски сособности. Слушнавме и дека играта ќе се одликува и со комплексен crafting систем за изградба и подобрување на оружја и опрема.

На Vampyr, кој е напојуван од Unreal Engine 4, работи тим од 60 луѓе, а ќе излезе за Microsoft Windows, PlayStation 4 и Xbox One!

  • Развивач – Dontnod Entertainment
  • Издавач – Focus Home Interactive

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments