Вака изгледа фрагментацијата на Android

4 коментари 2 мин. читање

Фрагментацијата е најголемaта главоболка на Android. Бидејќи е слободна платформа, Android е достапен за куп производители кои ја земаат основата и ја модифицираат на свој начин за куп различни уреди – од најевтините уреди со 2 до 3 инчни екрани кои не можат да се надоградат, до најновите и моќните 5 инчни телефони кои можат да прават се. Поради различните верзии, програмерите на Android апликации најчесто се соочуваат со потешкотии да ја адаптираат својата апликација за сите тие уреди, или пак ја ограничуваат за куп корисници кои користат постари уреди.

Но, фрагментацијата има и добри страни, вели британската компанија која се занимава со безжични мрежи Open Signal, бидејќи различните уреди помагаат Android платформата да биде достапна насекаде и за сите корисници – од тие што можат да платат за поскапи и различно дизајнирани уреди, до тие кои имаат лимитиран буџет за паметен телефон. За програмерите ова значи и поголема публика за нивните апликации.

И покрај тоа што некои компании заземаат се поголем дел од пазарот, пример Samsung има 47,5 отсто, сепак Android пазарот е „најфрагментиран до сега“ бидејќи адаптацијата на новите верзии на мобилнот ОС е поспора од брзината на објавување на нови телефони. Поголем дел од корисниците сè уште користат уреди со Android 2.3. Најновата верзија е 4.3.

„Фрагментацијата овозможи поширок, и географски распространет Android пазар – но фрагментацијата не е лимитирана само на уредите и оперативниот систем. Тоа што е важно за девелоперите е да размислуваат за контекстуалната фрагментација, односно разновидноста на контексти во кои уредите можат да се користат.“, велат истражувачите на Open Signal.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top