Изворот на Wikileaks, Бредли Менинг, e виновен по 19 од 21 обвиненија, меѓу кои обвинение за шпионажа и компјутерска кражба, но не и по обвинението дека „му потпомогал на непријателот“. Предавство на државата можеше да го стави 25-годишниот војник доживотно зад решетки без шанса за условно, и според New York Times, „настрана од Манинг како индивидуалец, казната ќе беше опасен преседан со долгорочни закани кон истражувачкото новинарство“.
Во претходните сослушувања г. Менинг ги призна делата, односно призна пред судот дека тој е изворот на видеото „Колатерално убиство“ во кое се гледа како американската војска убива цивили и репортери; на Ирачкиот и Авганистанските дневници кои содржaт информации за секојдневните активности на војската; како и за кражба на 250.000 депеши на американските дипломати. Сите документи беа објавени на Wikileaks.
Г. Менинг, кој беше уапсен во мај 2010-та година, веднаш по доставување на доверливите документи до Wikileaks, е соочен со казни кои соберени заедно од сите обвиненија изнесуваат над 100 години затвор. Читањето на казната е закажано за во среда.
Осуден.