0 коментари 1 мин. читање

Уште еден проблем за Adobe! Amazon забрани Flash реклами

Amazon е најновата компанија која се откажува од Flash, откако најави промени веќе од први септември. Amazon прекинува да ги прифаќа Flash рекламите, а се чини дека одлуката на компаниајта е изнудена од промените во Firefox, Chrome и Safari кои сега ја ограничуваат можноста за прикажување на Flash содржини.

„Ова ќе овозможи клиентите да имаат позитивно и козистентно искуство, на сервисите на Amazon и партнерите, а реклмаите ќе бидат презенитрани на страните со оптимални перформанси“, вели Amazon.

Проблемите за Flash започнаа по откривањето на два безбедносни пропусти, но и по неколку напади во кои слабостите на Flash беа искористени за добивање на контрола врз компјутерите на голем број на корисници. Mozilla, Facebook, YouTube, Twitch и сега Amazon барат решените за Flash или го менуваат со HTML5. Сепак и покрај пропустите Flash има 90 отсто од „rich-media“ пазарот, па се чини дека навистина ќе треба Adobe да излезе со дата на која Flash ќе биде повлечен за конечно да го снема.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top