0 коментари 1 мин. читање 21 август, 2015

Github објави листа на најпопуларни програмски јазици, и JavaScript е на прво место

Github, омилената платформа за споделување код на 9 милиони програмери објави анализа во која ги излиста најпопуларните програмски јазици кои најчесто ги употребуваат корисниците на сервисот. Податоците се изработени врз основа на јавните и приватните складишта (repositories), односно сите корисници кои го користат Github.

Промените се забележуваат на дното на листата, додека средината е непороменета. Втора година по ред најпопуларен јазик е JavaScript , а зад него се Java и Ruby, PHP и Python. Втората половин ана листата ја предвоци CSS, по кој следат C++, C#, C и HTML. Единствена промена на листата е во долниот дел на табелата каде C и C# си ги променија местата. Всушност освен Java која од 2008 година се изкачи пет места на листата, речиси и да нема промени. Најверојатно главна причина за популарноста Java ја должи на Android кој е најпопуларниот оперативен ситем за паметни телефони.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}