Urban Jungle: разеленување на вашето прибежиште

Зошто да ја играте?

  • Стратешко поставување на растенијата низ најразлични места
  • Релаксирачка игра каде нема никакви временски притисоци
  • Мимималистичка, но срдечна нарација преку околината на играта.

Во случај да ви е преку глава од акциони игри и единственото нешто што сакате е да се релаксирате, да ги кренете сите четири во вис и да навлезете во зен состојба преку култивирање на вашата идеална внатрешна градина, тогаш играта на Kylyk Games се наметнува како идеален избор. Во Urban Jungle стратешки ќе поставувате разновидна флора во вашиот мал, удобен стан.

Точно така, ова е игра која се заснова на едноставен, но привлечен концепт поврзан со декорирање со растенија. Секое растение има уникатни естетски квалитети, но нема да можете само да го грабнете и да го фрлите каде сакате. Напротив, вашата задача е да му го најдете совршеното место, максимизирајќи ја удобноста и визуелната привлечност на собата. Полесно е да се каже отколку да се направи.

Урбано украсување

Urban Jungle не е вашата традиционална симулација за градинарство. Како таква, никако не сака ниту да ве потресува со непотребни временски притисоци поврзани со наводнување нуту да ви наметнува непотребни задачи за одржување. Наместо тоа, играта ви дозволува да се посветите на тотално негување на вашата креативност и украсување на вашиот дом со растенија. Во ваква релаксирачка атмосфера, ви се дава голема слобода да експериментирате со различни поставување на саксиите без да бидете борбардирани со временски ограничувања.

Тоа што играта се првенствено фокусира на декорација, не значи дека нема да наидете на никаков предизвик. Како што претходно напоменавме, играта знае да ве пријатно изненади и со суптилни елементи на загатка. Имено, секое растение мора да го поставите во одредени услови како, на пример, да (не) е изложено на сонце, да (не) е во влажен простор, да (не) е покрај одредени работи, и слично. Оваа стратешко размислување додава слој на длабочина на играта, поттикнувајќи ве да истражувате различни аранжмани и да ја откриете оптималната местоположба за прекрасната флора.

За осмислување попријатна атмосфера, играта ќе ви дозволи да ја прилагодувате околината со лампи, навлажнувачи и слично, создавајќи ем совршена средина за вашите растенија, ем додавајќи личен допир на вашиот простор. Се работи за систем кој дефинитивно ќе ве потсети на The Sims игрите, само во поедноставна форма и со поскромна понуда. Ова никако не значи дека е лоша работа и она што го има е сосема доволно за пријатно и забавно украсување на ентериерот.

Иако Urban Jungle нема да ве импресионира со длабока приказна, поставувањето на растенијата сепак е пропратено со суптилна нарација која открива делови од срдечна приказна поврзана со кличните фази од животот на главниот лик. Имање подлабока приказна дефинитивно би помогнало повеќе да се истакне играта, но и вака како е, нема премногу да сте разочарани, особено доколку доаѓате првенствено за релаксирачко украсување.

Нашите моменти со играта беа полни со забавно и медитативно искуство. Нема да најдете никаква длабочина во Urban Jungle, но ќе најдете бројни можности за негување на вашата креативност преку невообичаено, но крајно исполнително пополнување на бројните простори. Згора на тоа, дел од просторните загатки пријатно ќе ве замислат, исполнувајќи ве со наградувачко чувство на достигнување.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Kylyk Games
  • ИздаваAssemble Entertainment
  • Жанр: симулација
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 25 март 2025

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments