Urban Games го најавува Transport Fever 3: Следната генерација на транспортни тајкун игри

Transport Fever 3 e најновото продолжение во популарниот серијал на игри за управување со транспорт. Се очекува играта на швајцарското студио Urban Games да излезе во 2026 година и да биде достапна за PC, PlayStation 5 и Xbox Series X|S.

Претходната игра, Transport Fever 2, од 2019 година, се продаде во над милион примероци и има импресивен рејтинг од 90% на Steam врз основа на 22.000 рецензии. Со Transport Fever 3, Urban Games ветува најамбициозно и најимпресивно искуство во жанрот досега.

Transport Fever 3 ќе ве предизвика да дизајнирате, градите и управувате со транспортни империи кои опфаќаат железници, патишта, водени патишта и воздушни рути. Играта ќе понуди четири различни средини, а секоја од нив ќе нуди уникатни предизвици и можности за игра, благодарение на значително подобрената генерација на теренот. Вашиот свет ќе го градите користејќи над 250 автентични возила кои покриваат еден век на транспортни иновации, вклучувајќи возови, автобуси, трамваи, камиони, бродови, авиони и, за прв пат, хеликоптери.

Светот во Transport Fever 3 лежи во динамичниот, целосно симулиран свет населен со населби и индустрии. Овие два клични елементи еволуираат како директен одговор на вашите акции, притоа соочувајќи се со со реални проблеми како што се предолги времиња на чекање за патниците, пренатрупани услуги и расипување на стоки во магацините, во нивната потрага по максимизирање на профитот.

За оние кои сакаат структуриран предизвик, новиот режим на кампања (Campaign Mode) претставува повеќе сценарија засновани на реалната светска историја. Оние кои се повеќе заинтересирани за градење убави мапи можат да создадат што било што можат да замислат во засебниот Sandbox Mode. Покрај значителните подобрувања во играта, Transport Fever 3 испорачува и елементи кои се долго барани од заедницата, карактеристики како што се деноноќен циклус, и нови форми на транспорт, вклучувајќи хеликоптери и товарни трамваи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments