1 коментар 1 мин. читање 27 октомври, 2011

Нова верзија на Firefox ќе го има Bing како основен пребарувач, наместо Google

Microsoft најави дека нивниот интернет пребарувач Bing ќе биде основниот (default) пребарувач на нова верзија на Firefox.

Таа верзија ќе биде изборна, Firefox нема да биде автоматски надграден, туку верзијата ќе биде наменета да се симне од корисниците кои повеќе сакаат да го користат Bing како пребарувач отколку Google. Всушност, името на верзијата Firefox with Bing кажува се.

Bing има и свој додаток за актуелните верзии на Firefox кој ќе ги постави истите функционалности, односно Bing да биде основен пребарувач наместо Google.

Интересно, ова не значи дека Mozilla ја прекинува соработката со Google. Се работи само за соработка која ќе го зголеми изборот на корисниците на Firefox. Дополнително, „Мicrosoft не е лиценциран нити го дистрибуира Firefox“, како што пишува на страната на Firefox with Bing

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мијачка
Мијачка
14 years ago

Хммм, Фајрфокс си имаат работа со егзекуторот на предокот на фајрфокс – Нетскејп, кој откако беше уништен од Експлорерот на Мајкрософт, банкротираше и кодот го даде како опен соурс, па од него настана Фајрфокс.

Мени
Заедница
Изглед
To top