{mosimage}Tinychat е веб сервис за видео чет кој е доста едноставен за користење. Впрочем, се што е добро е и едноставно.
Секако за видео чет најважно е да имате камера.
Тоа е прво. За да започнете видео чет, треба да си одберете соба за разговор, да си одберете прекар и да се логирате преку Facebook Connect. Facebook Connect е сервис кој овозможува да се логирате на други сервиси со вашето Facebook корисничко име. Пример се коментарите на IT.com.mk кои можете да ги најдете на крај на текстовите.
Кога ние го тестиравме TinyChat сервисот функционираше одлично, единствено звукот беше малку незгоден, можеби од причина што Дамјан, кој е на сликата, зборуваше во вградениот микрофон од малку подалеку. Сигурно доколку сте подобро позиционирани или имате приклучен микрофон, нема да имате вакви проблеми.
{mosimage}






