UNDYING – “KINGDOM” и како да преживеете во постапокалиптичниот Open World

Во пост-зомби апокалипсата, Анлинг и нејзиниот син Коди се обидуваат да преживеат. На почетокот во интрото на играта Англинг е гризната од зомби и нејзината цел е да го научи својот син како да преживее без неа. Негативните ефекти од вирусот се влошуваат во текот на играта. Играта е click addictive со богата приказна и интеракција со карактерите.

Таговите на играта се следните: Story Reach, Multiple endings, Action RPG, Survival, Adventure, Zombies, Post-apocaliptic, Crafting, Horror, Cinematic, Dark Fantasy, Third Person, Open World, Action, Singleplayer.

Почетокот на играта е порелаксиран. Анлинг и Коди имаат доволно време да започнат со собирање на материјали за да преживеат. Сите материјали можат да се употребат за приготвување храна, лекови, собирање и филтрирање вода, посадување тревки, риболов, лов итн.

Во куќата каде живеат можат да произведуваат материјали за надоградба на алати како хебла, безбол палка, нож, секира и сл.и истите да се користат соодветно. Секоја акција која ја извршува мајката има опција и нејзиното дете да учи од неа за во текот на играта да ги сознае своите способности. 


Има константна интеракција со сите карактери во играта. Од конверзациите може да се добијат информации за нови локации на мапата кои ќе бидат истражени. Исто така може да се тргува со карактерите. СО некои од нив може и да се игаат различни игри со вложување на ресурси.

Некои од локациите на мапата се пријателски, некои може да бидат веќе освоени од бандити и некој карактер да бара помош. Со помагање се добиваат ресурси како во знак на благодарност. До секоја локација се патува со возило кое се амортизира и мора константно да се одржува исто и да се внимава на доволно гориво за патување.

Играта содржи филмувани моменти кои ја одржуваат приказната. Исполнета е со неочекувани пресврти и моменти кој го заробуваат вниманието на гејмерот.

Зомбијата исто мутираат различно во текот на играта и се стекнуваат со поголема отпорност во борба и можат да се адружуваат во хорди. Има различни типови на зомби кои го наметнуваат пристапот во борбата.



Анлинг поминува низ неколку фази пред да се влошат симтомите. Потоа главен лик станува нејзиниот син Коди кој се грижи за неа, за куќата и одржувањето на ресурсите. Сите способности Коди ги стекнува со набљудување на неговата мајка додека му покажува како да ги стекне истите. Низ играта се наоѓаат и книги преку кои Коди се стекнува со знаење и скилови.

Undying е креирана со многу внимание а тоа ни го покажува нивото на детали во самата игра. На пример шпоретот за готвење во кујната се употребува за готвење храна или да се превари загадената вода за да биде употреблива за конзумирање. Може да работи на електрична енергија или ако немате доволно гориво за генераторот да се користи на дрва. За две позиции ви се потребни ресурси. Храната што се готви, во зависност од намирниците кои ги поседувате можат да содржат различен процент на нутрицистички вредности.



Иако ова можеби делува комплицирано, самото флоу на играта е толку питомо што сите работи се учат тековно без никаков напор. Врз основа на вашите одлуки за акција, начинот на комуникација и користењето на ресурсите играта има различни краеви. 

Platform

PC

Developer

Vanimals

Publisher

Skystone GamesVanimals

Reviewed On

PC

Release Date

December 7, 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk