1 коментар 2 мин. читање 17 март, 2014

Украинските хакери Киберберкут ја презедоа одговорноста за сајбер-нападите врз NATO

Про-руските украински хакери Киберберкут, кои се залагаат за враќање на протеранот украински претседател Виктор Јанукович, тврдат дека се одговорни за нападите врз неколку веб сајтови на NATO. Причина за нападот е незадоволството на „патриотите“-Украинци поради односот на западните држави на кои гледаат како најголемо влијание кога се во прашање демонстрантите во Киев. Според хакерите, цел на нападот се три веб сајти на NATO, ccdcoe.org, nato.int и nato-pa.int. Вообичаено нападот е изведен со DDoS што е омилена алатка на најголем број од хакерите. Со оглед на тоа дека станува збор за украински „патриоти“ зачудува фактот дека наместо украински јазик на својот веб сајт користат руски јазик.

Ден пред овој напад мета на сајбер напаѓачите беа вебсајтот на Кремљ и Централната руска банка. Нападот овојпат не дојде од Украина, туку од хактивистите Anonymous Russia кои се незадоволни од однесувањето на руските власти, пренесува Reuters. Сајбер-нападите во регионот се зачестија и двете страни Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за напади. Ситуацијата се заострува откако oбластата Крим на едностран и контраверзен референдум изгласа приклучување кон Русија.

Нападот на Twitter го потврди портпаролот на NATO, Оана Лунгеску, која потврди дека страните на NATO се под голем DDoS напад, дополнувајќи дека операционата способност на Северноатлантската алијанса не е доведена во прашање. Покрај ова изјави и дека на нападнатите локации нема доверлива содржина.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
ДациСС
ДациСС
12 years ago

Со оглед на тоа дека станува збор за украински „патриоти“ зачудува фактот дека наместо украински јазик на својот веб сајт користат руски јазик.

Голем дел од украинците во источна украина воопшто незнаат да зборат украински, а и тие што знаат во главно зборат руски.
Во главно во украина се збори руски, украински е само официјален за во јавност,вести и такви ствари…
Воопшто не очекував да е вака, пред година дена бев во Донетск, на плоштадот имаат уште статуа од Ленин и на тон места низ градот има Т/34 тенкови споменици.

Мени
Заедница
Изглед
To top