САД ќе се откажe од својата улога во надзор на веб адресите и домените кои се основен дел од Интернет мрежата и до 2015 година ќе ја предадат оваа одговорност на меѓународна група која ќе биде оформена во 2015-та, јави американскиот оддел за телекомуникација и информациска администрација (NTIA). Од почетоците на Интернет, root zone фајловите беа во рацете на САД, но под притисок од меѓународната заедница американските власти се одлучија да ја предат контролата на DNS root зоната на меѓународен регулатор. Според аналитичарите и покрај тоа што ова е замислено уште од 1998 година, одуката е забрзана од објавите дека Националната агенција за безбедност (NSA) прислушува најголем дел од политичарите од целиот свет.
„NTIA денеска објави дека започна со процесот на префрлање на дополнители функции за именување на домените на ICANN за следната фаза на транзицијата. Ова е во согласност со залагањата на САД и нашите сојузници за креирање и промоција на слободен и отворен Интернет…“, изјави сенаторот Џеј Рокфелер.
NTIA постави неколку услови до ICANN, Интернет корпорацијата за издавање на имиња и адреси (ICANN), покрај барањето транзицијата да имаат широка подршка од заедницата, мора да бидат исполнети и следниве услови: Поддршка и напредок помеѓу различните модели; oдржување на безбедност, стабилност и отпорност на Интернет DNS; да се задоволат потребите и очекувањата на глобалните клиенти и партнери на IANA услугите; и задржување на отвореноста на Интернет.







