„Компас“ е името на оперативната акцијата на Министерството за внатрешни работи со која, по спроведена истрага, се приведени 10 лица од Прилеп, Скопје и Штип, осомничени за онлајн измами со кои украле околу 170.000 евра со помош на „фишинг“. Фишинг е метод на кражба на податоци преку лажна копија на сајт. Пример за фишинг измама е наместо да се логирате на официјалната страна на некоја банка за да платите сметки, криминалците ве водат на визуелна копија на страната, преку имејл линкови кои се заплашувачки лажни пораки, и вие без да сте свесни ги внесувате вашето корисничко име и лозинка. Од тука, станува полесно за криминалците да ги пробијат сите ваши кориснички профили, дури и тие на банките.
Едноставен совет против фишинг: Копииите кои ги користат криминалците можеби личат на оригиналните сајтови, но URL-то секогаш е различно. Пример, ако се логирате на Facebook, секогаш во адресата ќе започнува https://facebook.com. Https во овој случај е безбедносниот протокол.
Осомничените, од кои тројца се приведени, за еден е распишана потерница, собирале банкарски податоци од платежни картички преку лажни страни кои биле хостирани во странство и ги таргетирале корисниците преку лажни спам пораки. Корисниците уплашени дека некој им чепка по парите во банки, се логирале на тие лажни страни и ги оставале личните податоци. Од тука, осомничените го префрлувале украдениот кеш на сметки на странски лица, од чии сметки си ги праќале во Македонија преку сервиси за брз трансфер на пари.
Според МВР, уапсените лица се обвинети за организиран криминал и корупција, и против нив е поднесена пријава за злосторничко здружување и „„Изработка и употреба на лажна платежна картичка“. Во претресот направен во домовите на членовите на групата им е одземена компјутерската опрема од лаптопи, надворешни хардискови и мобилни уреди. Тие ќе бидат предадени на Одделението за дигитална форензика со цел нивно вештачење.
[…] пошта или на социјалните мрежи се развиени т.н. фишинг измами каде измамниците бараат луѓето да дадат лични […]
[…] пошта или на социјалните мрежи се развиени т.н. фишинг измами каде измамниците бараат луѓето да дадат лични […]