1 коментар 2 мин. читање 4 март, 2014

Украина e под сајбер-напад, вели шефот за безбедноста

Украинскиот телекомуникациски систем е нападнат преку опрема инсталирана во областа Крим, која сега е окупирана од руски сили. Опремата се користи за да се пресретнат телефонски повици на членови на парламентот, изјави директорот на разузнавачката служба, Валентин Наливаиченко за Reuters.

„На влезот на телекомуникациската фирма Ukretelecom во Кримеа, нелегално и против сите комерцијални договори, беше инсталирана опрема која го блокира мојот телефон како и телефоните на другите службеници, без разлика од нивната политичка определеност“, вели г. Наливаиченко.

Foreign Policy известува дека „Рускиот напад врз Украина започнува со напад врз телефонските линии и интернетот“. Медиумот вели дека Русија се уште не успеала да го прекине целосно интернет пристапот до регионот, но eкспертите предупредуваат дека ова може да биде само почеток на поголем напад „без да се испука куршум“ врз опозициската власт која завладеа со Киев по неколку-месечните протести. Руските војни бродови кои влегуваат во пристаништето во Севастопол можно е да носат опрема за попречување на комуникациите. Рускиот претседател Владимир Путин ја означи новата опозициска власт како „неуставна власт“ која го држи народот под „терор“. Г. Путин исто така додаде дека воен напад врз Украина ќе биде „последно средство“.

[youtube]TNKsLlK52ss[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Trale
Trale
12 years ago

Крим се вика областа. Читајте малку други вести, не само копирај-постирај.

Мени
Заедница
Изглед
To top