Eвропа ќе ги преслуша Google и Apple за продажбата во мобилните игри

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Европската комисија ги повика Google и Apple на консултации за регулирање на продажбата која се прави во видеоигрите за паметните телефони и таблет компјутери. Загриженоста доаѓа поради можноста корисниците да добијат големи сметки без известувања.

„Европската индустрија за апликации има огромен потенцијал, како за генерирање на нови работни места така и за пораст, но и подобрување на секојдневниот живот преку иновативна технологија. За овој сектор да го достигне својот целосен потенцијал корисниците мора да имаат потполна доверба“, вели Вивиан Ридинг, Комесар за правда во ЕУ.

Комисијата се активира на барање на повеќе групи за заштита на потрошувачите од државите членки на Европската унија. Се очекува по разговорите да има појасни предупредувања до корисниците, но најпрво комисијата ќе излезе со упатства за компаниите. Загриженоста доаѓа пред се доаѓа поради игрите кои можат да се преземат бесплатно, но веднаш потоа се прави трансакција преку регистрираната картичка за електронско плаќање.

„Корисниците, а пред се децата мора да добијат подобра заштита од непредвидени продажби“, изјави Невен Мимца кој е комисар одговорен за заштита на потрошувачите.

На разговорите во фокусот ќе бидат четири точки: употребата на зборот „бесплатно“ нема да смее да се користи да ги доведе во заблуда корисниците; игрите нема да можат да ги поттикнуваат децата да купуваат предмети во играта; компаниите ќе мора да имаат адреса за е-пораки преку која корисниците ќе може да ги контактираат; a најголем удар за креаторите на видео игри е што продажбата нема повеќе да може да се прави преку регистрираната картичка, туку ќе мора да се побара јасна дозвола од корисникот.

Според очекувањата онлајн игрите во следните пет години во Европа ќе достигнат 63 милијарди евра. Играчите од В. Британија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Холандија и Белгија само во 2011 година потрошиле 16,5 милијарди евра. Само во Германија на купувања на виртуелни добра во 2013 година се потрошени 240 милиони евра.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments