0 коментари 2 мин. читање 4 март, 2014

Facebook сака преку беспилотни соларни летала да ви донесе интернет

Facebook e во преговори да го купи Titan Aerospace, компанија која прави соларни беспилотни летала кои можат да летаат блиску до орбитата за цели пет години без да мора да слетаат. Преку леталата Facebook ќе испорачува интернет конекција до руралните средини без интернет пристап, вели TechCrunch.

Аквизацијата, која ќе го чини Facebook околу 60 милиони долари, ќе биде дел од Internet.org иницијативата која друштвената мрежа ја започна неодамна со други ИТ гиганти, со цел да го поврзе целиот свет. Беспилотните летала на Titan Aerospace може да летаат до 104 километри на час, и ќе бидат искористени во далечните региони и во Африка. Во светот само 2,7 милијарди луѓе од вкупно 7 милијарди имаат пристап до интернет, вели Марк Закерберг. Но, освен желбата да се биде хумано и да се поврзат луѓето, очигледно е дека Facebook сака да допре до потенцијални корисници кои ќе можат комуницираат од било каде во светот преку WhatsApp, новата апликација на Facebook за која оддели околу 16 милијарди долари.

[youtube]XmN13LnBk3c[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}